Врз основа на Решение за времена измена на режим на сообраќај за време на санација на мост на реката „Драгор“ на улицата „Довлеџик“, издадено од Општина Битола од 22 мај 2025 година, а како главен изведувач на проектот „Санација на мост на реката „Драгор“, „Стентон Градба“ информираше дека од денеска 26 мај 2025 година, заради изведување на градежни активности сообраќајот ќе се одвива согласно сообраќајниот проект, односно затворање на сообраќајот на делот кај мостот на ул „Довлеџик“ , при што сообраќајот ќе се пренасочува по времениот премин-девијација.
Околу две недели ќе се работи на овој потег.
Фото: Архива












