Во продавниците од денеска се продаваат тестенини со намалени цени, а дел од млечните производи исто така имаат намалени цени.
Согласно со одлуките на Владата, од денеска ќе бидат замрзнати цените на тестенитете (макароните и шпагетите), кои на полиците во маркетите ќе бидат пониски за 15 проценти, како и на млечните производи (кравјо млеко 2,8 проценти,3,2 проценти, 3,5 проценти, јогурт, кисело млеко, павлака, кравјо и мешано бело сирење и кравји кашкавал) кои пак бидат пониски за 10 проценти. Ако цените се нелогични и по 31 мај, како што рече министерот за економија Крешник Бектеши, ќе следи повторно замрзнување.
Дополнително, Министерството за економија прави анализи за проширување на одлуката за замрзнување на цените на другите основни производи кои беа опфатени во Одлуката за замрзнување на маржата, односно за јајца од кокошка, македонски ориз и бел шеќер. Анализите, според Бектеши, се очекува да завршат до петок.
Владата на 28-ми минатиот месец ја замрзна и цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.












