ТЕРА

REKLAMA???

ОД ДЕНЕСКА УВИД ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

Од денеска почна јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена, односно до 11 септември на полноќ.

Во Битола подрачната канцеларија на Државна изборна комисија работи секој ден од 8:00 до 20:00 часот и тука граѓаните можат да направат увид во избирачкиот список.

Канцеларијата работи и во сабота и недела, а се наоѓа кај „Борово“ во зградата каде што е одделението за матични книги.

Граѓаните, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат писмено до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК. Со барањето се приложуваат и потребните докази.

ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври.