Од јавното претпријатие „Паркинзи“ Битола ги информираат корисниците на услугите на затворениот паркинг пред Центарот за културата дека во периодот од 04.07. (петок) 24:00 часот до 05.07. (сабота) 22:00 часот нема да може да се користи услугата паркирање.
Возилата кои ќе бидат затекнати после 24 часот на 04.07 за напуштање на паркингот да го коиристат излезот од страната на училиштето „Гоце Делчев“.
МВР, Бирото за јавна безбедност организира караван под мотото “ДО ВАС ЗА ВАС” и заради одржување на настанот избрана е оваа локација како најпогодна за таа цел, велат од „Паркинзи“.
Воедно од претпријатието ги покануваат граѓаните да присуствувате на овој настан на кој ќе бидат изложени дел од опремата и техниката кои ги користат за работа.












