ТЕРА

REKLAMA???

ОД МАТУРСКАТА ПРОСЛАВА НА МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ

По четири години строго почитување на дрес код, раце без долги нокти и лице без шминка во ходниците на битолските медицински здравствени установи – учениците на средното медицинско училиште може да си ги реализираат сите свои идеи за изглед.

Матурантите годинава ја покажаа важноста на изборот на добра облека – аутфит што е изјава дека завршило тинејџерството и дека започнува светот на возрасните.

Според востановениот ред – најпрвин треба да се пристигне. Потоа се фотографираат, влегуваат и забавата започнува.

И според еднонеделната прослава којашто ја направија сите средни училишта во Битола, тоа е најважниот дел од спомените кои се поврзуваат со матурската. Можноста да играат и забавуваат со соучениците, кои веројатно во следниот период ќе им недостигаат. Едни ќе одат по факултети, други ќе се обидат да се вработат, трети – ќе одат во странство. Од Медицинско излегуваат барани кадри.

Матурската прослава е и можност за повторна анализа – на се што четири години им се кажувало од возрасните – секоја критика, лоша оценка, секоја нервоза поврзана со практичната настава, секоја размисла дали да се остане во професијата којашто, сите велат има многу проблеми.

Директорот Горан Талевски беше исполнет со емоции.

Матурата е најдобриот начин да се опуштите со пријателите, не смее да се пропушти, а и вечно се памети.

Во продолжение и следниот видео материјал од оваа прослава.