Од јавното претпријатие „Паркинзи“ информираат дека почнувајки од 15:00 часот на 20.06.(петок) до 22.06.(недела) попладне паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе биде затворен за паркирање.
Причина е организирање на манифестација која ќе се одржува на паркингот в сабота (21.06).
Во информацијата од „Паркинзи“ се вели дека манифестацијата е со меѓународен карактер, а барањето за одржување на истата беше одобрено од членовите на управниот одбор на претпријатието.
Фото: ЈП „Паркинзи“












