Центар за јавно здравје Битола информира дека во наредниот период ќе се спроведува третата фаза од адултицидната (теристичка – од земја) дезинсекција со цел намалување на бројноста на возрасните форми на комарци и заштита на јавното здравје. Дезинсекцијата во Општина Битола ќе се спроведува од 25.08 до 29.08.2025 година
Запрашувањето ќе се врши во период од 19:00 до 04:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Возилото за дезинсекција ќе биде означено со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени: зелените површини, подрачјата по течението на реки и водотоци, каналниот систем, локалитетите со застојни водени површини, урбаните населби и другите локалитети предвидени во планот и програмата.
Од Центарот за јавно здравје со препораки до населението:
– Да се избегнува непотребно движење на отворено за време на прскањето.
– Лицата со алергии и респираторни заболувања да останат во затворени простории.
– Да се затворат прозорците и вратите за време на третманот.
– Пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.












