Општина Битола во соработка со СВР Битола почнувајки од утре (понеделник) 24 март, организира еднонеделна кампања за превентива во сообраќајот.
Во соопштението кое што го објави јавното претпријатие „Паркинзи“ на сите возила кои ќе бидат затекнати паркирани на пешачки, велосипедски површини, но и пристапни рампи за лица со попреченост, ќе им се издаваат писмени предупредувања за сообраќајниот прекршок со кој насилно узурпираат површини кои не им се наменети.
„Тротоарите се места на кои треба безбедно да се движат нашите најмлади, повозрасните, но и оние кои заради некаква телесна попреченост не можат да маневрираат на стеснетиот простор.
Впрочем и секој возач кој го паркирал возилото на тротоар во моментот кога го напуштил возилото и самиот е пешак.
Да ги почитуваме сообраќајните правила со тоа се почитуваме едни со други“ велат во соопштението од „Паркинзи“.












