Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека во тек е реализација на проектот реконструкција на водоводната мрежа Логоварди – Поешево, во должина од 6 км.
За таа цел, ја известуваат јавноста дека во наредните денови започнувајќи од 15.04.2025 ( вторник), корисниците од овие села ќе имаат прекинато водоснабдување (од 8:30 часот до завршување со активностите околу реконструкцијата).
Од „Водовод“ велат дека овој зафат ќе придонесе до подобрување на квалитетот на водоснабдувањето за нашите корисници на вода од овој реон.












