ТЕРА

REKLAMA???

ОД УТРЕ СТАРТУВА „УЧИЛИШНАТА КОШНИЦА“

Од утре стапува на сила Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која од 15 август до 15 септември ќе ги опфати трговците на мало и на големо кои продаваат училишен прибор.

„Станува збор за мерката позната како „Училишна кошница“ која ја спроведуваме втора година по ред и нејзина цел е заштита на животниот стандард, посебно на граѓаните кои имаат деца кои се ученици и студенти. Очекувам заштеда за семејствата од 800 до 2.000 денари по ученик“, вели заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Владата на 100-тата седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10% во трговија на големо и најмалку 15% во трговија на мало.