Од јавното претпријатие „Водовод“ утрово информираат дека денес (18.04.2025), поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување од градот ќе бидат следните корисниците од населбата Баир (од над улицата „Илинденска“ до улицата „ Христијан Карпош“,) и улиците „Охридска“, „Сава Ковачевиќ“ и „Широка“.
Со намален притисок ќе биде Стрежевска населба. Прекинот ќе трае од 08:30 часот до завршување со активностите.
Во информацијата од „Водовод“ велат дека овластен изведувач од Општина Битола е градежната фирма „СТЕНТОН ГРАДБА“.
Фото: Илустрација












