ТЕРА

REKLAMA???

ОД 24 ДО 30 АПРИЛ НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА

Светската недела на имунизација традиционално се одбележува во последната недела од април со цел подигнување на свесноста за вакцините како најдобра превентивна мерка за заштита на населението од заразни заболувања, а воедно за зачувување и одржување на колективниот имунитет.

Светската здравствена организација (СЗО) оваа недела на имунизација ја одбележува под мотото, „Големото надополнување на пропуштеното“. Од СЗО информираат дека во текот на оваа година се забележува загрижувачки пад на опфатот со вакцинација кај децата ширум светот, а многу од причините за овој пад, според нив, може да се припишат на влијанијата предизвикани од пандемијата со Ковид-19.

СЗО тврди дека во европскиот регион, како и насекаде низ светот, невакцинираните и нецелосно вакцинирани лица остануваат изложени на ризик од заразување со болести кои што можат да се спречат, како што се малите сипаници, дифтеријата и детската парализа.

Центарот за јавно здравје Битола (ЦЈЗ Битола) со своите активности во Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар зеде активно учество во одбележувањето на оваа неделата на имунизација. Во рамки на одбележување на неделата во соработка со повеќе институции се спроведија активности од здравствено воспитен карактер во невладини организации, основни и средни училишта. Дополнително ЦЈЗ Битола даде и активен придонес на активноста поддржана од СЗО вакцинацијана лице место „од врата до врата“, преку распоредување мобилни тимови за вакцинација низ целата земја, а во исто време и делење информативни материјали за вакцинација, изработени врз основа на медицината базирана на докази, соопштија од Центарот за јавно здравје Битола.