Иранската армија синоќа истрела балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската кампања против сојузниците на Техеран, Хезболах во Либан.
Сирени се огласија низ Израел, а експлозии можеа да се слушнат во Ерусалим и долината на реката Јордан откако Израелците влегоа во засолништа за бомби.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека Иран лансирал десетици проектили кон Израел и дека доколку Израел возврати, одговорот на Техеран ќе биде „подробен и погубен“.
Висок ирански функционер подоцна изјави за западни медиуми дека наредбата за лансирање ракети кон Израел ја дал врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи. Хамнеи останува на безбедна локација, додаде високиот функционер.
Израелската армија соопшти дека воздушниот простор на Израел е затворен по иранскиот напад.
Радиото на израелската армија соопшти дека речиси 200 проектили биле лансирани во Израел од Иран.
Претходно војската објави дека се очекува каков било напад со балистички ракети од Иран да биде широко распространет и и порача на јавноста да се засолни во безбедни простории во случај на напад.
Иран вети дека ќе возврати по нападите во кои загинаа највисокото раководство на неговите сојузници на Хезболах во Либан.
МИА












