ТЕРА

REKLAMA???

По реакциите на пациентите, онколозите од Скопје продолжуваат со прегледи во Битола

По реакциите на онколошки пациенти од Пелагонискиот регион кои повторно за терапија мора да патуваат во Скопје, наместо да ја примаат во Битола, од Клиничката болница преку Фејсбук објава информираат дека проблемот е надминат и онколозите од Скопје продолжуваат со редовни прегледи во Битола и веќе се закажани термини за февруари.
За потсетување, пациенти со карцином од Пелагонискиот регион реагираа дека повторно за терапија мора да патуваат во Скопје, бидејќи повеќе од еден месец, онколошките пациенти од Пелагонискиот регион останаа без онколози.
Со дисперзијата на онколошки услуги требаше да им се олесни на тешко болните-лековите, прегледите и консултациите со специјалистите од оваа област да ги добиваат во онколошкото одделение во Битола.
Но, по само неколку месеци за онколошки услуги пациентите повторно за терапија доаѓаа во Скопје, што им претставува дополнителен финансиски товар и здравствен ризик.

„Кај пациентите имаше одличен одѕив и за таа практика кај пациентите ние добивавме исклучиво и само позитивен фидбек. Зошто таа практика престана јас претпоставувам дека е финансиска импликацијата бијдеќи волјата кај докторите и кај клиниката сметам дека се уште постои“ изјави Ана Марјановиќ од Здружението Хема-онко.

Директорот на Фондот за здравство, рече дека проблемот е административен и очекува во скоро време да се надмине.

„Во основа кога еднаш е веќе поставена дијагнозата сметам дека третманот треба да е што поблиску до дома работиме и мислам дека може во 2026-та да очекуваме прогрес секаде освен во Штип каде нема ни кадровски ни инфраструктурни можност. Процесот оди многу поспоро отколку што некој сака и очекува, но, јасен е предизвикот дека следната набавка за онколошки лекови нема да биде само за  клиниката за онкологија туку ќе биде и за оние болници кои имаат капацитет самостојно да го водат тоа“ изјави првиот човек на Фондот за здравство Сашо Клековски.

Од пациентските здруженија порачуваат дека е потребна е подобра координација и соработка помеѓу клиниките.