ТЕРА

REKLAMA???

ОН СООПШТИЈА ДЕКА 2,5 ТОНИ УРАНИУМ ИСЧЕЗНАЛЕ ОД ЛИБИЈА

Инспектори на нуклеарна контрола од Обединетите нации открија дека околу два и пол тони природен ураниум исчезнале од наоѓалиште во Либија, кое повеќе не е под контрола на владата на државата, јавија западни медиуми.

При вчерашната инспекција, инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утврдиле дека „10 буриња во кои имало околу два и пол тони природен ураниум во форма на UOC (концентрат на руда од ураниум), кој Либија претходно го пријавиле за складирање на таа локација, не се на тоа место“, рече шефот на МААЕ Рафаел Гроси.

„Губењето на информации за моменталната локација на нуклеарниот материјал може да претставува радиолошки ризик, како и загриженост за нуклеарната безбедност“, се вели во извештајот, додавајќи дека за да се стигне до локацијата потребна е „сложена логистика“.

МИА