На денешната седница на Совет откако започна расправата по точките на дневен ред за јавните претпријатија од Битола, опозицијата критикуваше за лошите состојби во кои ги донеле актуелните директори на јавните претпријатија, па им подели како што рече координаторот на СДСМ Методија Илиевски пофалница за сите нив кои успеале во една година од чиста позитива да ги донесат овие претпријатија во сериозна загуба. Исти такви пофалници имаше и за градоначалникот и претседателката на совет. Не учествуваме во расправи кои нема да променат ништо, рекоа од опозицијата и ја напуштија седницата на Совет.
За власта пак ваквиот потег на опозицијата е како што рече советникот Бојан Бојкоски правење театар. Ваквиот однос на СДСМ е разочарувачки, додаде тој.












