Oпштина Битола објав јавен повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 15 лица без квалификација или ниска квалификација. Крајниот рок за пријавување е 17 март.
Општина Битола објави јавен повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 15 лица невработени ниско квалификувани и со средно образование кои ќе бидат ангажирани за средување на зелените и јавни површини во градот и руралните средини, средување на речното корито на реката Драгор, средување на Золошката градина, помош при други градежни зафати во делот на инфраструктурата.
„Работното ангажирање ќе биде за период од 4 месеци април – јули, во работни денови, понеделник – петок, со ангажман од по 7 работни часа на ден, за што на лицата ќе биде исплатен месечен надоместок во износ од 18.000,00 денари нето износ. Во износот се пресметани покрај надоместокот за извршената работа во тековниот месец и трошоците за превоз од местото на вршење на работите како и надоместокот за исхрана.“ – се вели во објавениот повик.
Кандидатите треба да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта). Барањето може да се најде на интернет страната на Општината, на врската којашто е ставена на самиот оглас. Заинтересираните кандидати да се јават во период од 6 работни денови од денот на објавување на огласот, заклучно со 17.03.2025 год.
Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола ул. ,,Булевар 1 Мај” бр.61 на шалтер бр 1.












