ТЕРА

REKLAMA???

ОПШТИНАТА ОДМОЛЧИ ЗА ВЛЕЗНИЦИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“

Како ќе се пополни оваа сала утревечер кога ќе биде свеченото отворањето на фестивалот „Браќа Манаки“.  За некои поразителен е фактот дека од вкупно 840 седишта колку што е капацитетот на оваа сала, до вчера попладне од фестивалот не знаеа дали ќе има барем една карта на билетарница која ќе може граѓани на Битола или друг град да си купи и да биде дел од свечената церемонија.

Нашите прашања до дирекцијата на фестивалот беа:

Од фестивалот во одговорот се заблагодарија што ги прашавме, ни кажаа кога е црвениот тепих, кога е свеченото отворање и за филмот. Тоа не ги прашавме, но благодариме и ние што ни кажаа.

За бројот на седиштата, односно капацитетот велат сигурно знаете има 840. Кога ја гледаме салата е голема, ама не сме ги преброиле седиштата, па си прашавме.

Сега следи она што граѓаните најповеќе ги интересира, како и со кој оваа сала ќе се пополни, бидејкќи оваа е фестивал правен и со државни пари, значи и со пари на граѓаните како даночните обврзници, спонзорства.  Од овие вторите дел можеби ќе бидат таму, а за првите не знаеме, оти и тие незнаат.

Еве кој ќе седи тука:

За првиот ден можеби ќе нема карти, освен ако некој се откаже, па да ги стават на продажба, а за следните денови кажаа дека за останатите проекции на филмовите кои се во официјалната конкуренција за КАМЕРА 300 ќе може да се проследат во Центарот за култура и за истите да се набават карти на билетарата по симболична цена од 100 денари.

За ова ја прашавме и Општината. Прашањата гласеа:

Иако пратени вчера до монтирањето на овој прилог денеска некаде околу 15:00 часот, во инбоксот на мејлот на Тера, не стигна абер дека ни стигнал одговор од зградата преку мостот.

Веста која беше споделена доби повеќе коментари, а ние за крајот на овој прилог ќе пренесеме два. Едниот вели, „А ние граѓаните збеснавме да одиме“, а другиот е „Скопски е фестивалот“.