ТЕРА

REKLAMA???

ОПШТИНАТА ЌЕ ИЗДАВА 14 ЛОКАЦИИ ЗА УРБАНА ОПРЕМА НА ГРАДСКОТО ШЕТАЛИШТЕ

Општина Битола соопшти дека издава површини за поставување урбана опрема за комерцијално користење на Градското шеталиште во Битола за периодот од 01.04.2025 до 31.10.2025 година.

Според огласот се работи за вкупно 14 (четиринаесет) локации за поставување урбана опрема со површина од 2 м2 на Градското шеталиште во Битола.

Почетната цена за издавање на површина за поставување на урбана опрема на Градско шеталиште е во износ од 4.500,00 (четири илјади и петстотини) денари месечно по локација согласно Извештаите за извршена процена на пазарна вредност на недвижен имот од Февруари 2025 година, стои во јавниот повик.

Почетните цени за издавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема се однесуваат на месечен период.

Во почетната цена за издавање на урбана опрема не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија и истите паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

Поставувањето на урбаната опрема дозволено е да отпочне по добивање на одобрение за поставување на урбана опрема од страна на Секторот за спроведување на урбанистички планови, урбанистичко планирање, заштита на животна средина, комунални дејности и уредување на градежно земјиште при општина Битола.

Јавното отворање на понудите ќе се изврши по истекот на крајниот рок за доставување на понудите, на 18.03.2025 година во 12:00 часот.