Со поставување на времен режим на сообраќај и работни активности на улицата „11 Март”, Општина Битола започна со реализација на проектот за реконструкција на четири улици кај Здравствениот дом, информираат од Општина Битола.

Со овај проект се опфаќа целосна реконструкција на улиците: „Панде Николов”, „11-ти Март”, „Козара”, кракот од ул. „Козара’ и ул. „Чеде Филиповски” кои што се наоѓаат во централното градското подрачје опфатено со деталниот урбанистички план – „ДУП Централно градско подрачје 1 дел”.

Реконструкцијата на водоводна мрежа со вкупна должина од 1.060,0 м и реконструкцијата на мешовитата канализациона мрежа со вкупна должина од 1.049,0 м, го финанисра Министерството за транспорт, а изведувач на работите е АД Енергомонт Скопје. Вредноста на договорот за реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на мешовита канализациона мрежа изнесува 9.057.122,00 ден, додека надзор над реконструкцијата на водоводната мрежа и мешовитата канализациона мрежа, ќе врши Евро Консалтинг Скопје.
Реконструкцијата на постоечката коловозна конструкција и тротоарите со вкупна должина од 735,0 м и реконструкцијата на уличното осветлување ќе се финансираат од општинскиот буџет. Општина Битола за реконструкција на коловозот на улиците: “11 Март, Панде Николов, Козара и Чеде Филиповски Даме” склучи договор за изведба во вредност од 13.149.817,00 ден, додека за реконструкција на уличното осветлување склучен е договор во износ од 1.586.392,00 денари, стои во соопштението од општината.












