ТЕРА

REKLAMA???

ОРБАН: ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО ОДИ БАВНО, НО ЗА ТОА Е ОДГОВОРНА ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес конференција со неговиот унгарски колега Виктор Орбан се заблагодари на топлото добредојде и приемот кој го имаа на највисоко ниво во Будимпешта, што како што вели Мицкоски,  само го потврдува високото ниво на односите кои постојат помеѓу двете држави.

„Нашата стратешка цел како држава да бидеме дел од европското семејство, нешто што го заслуживме многу одамна била, е и ќе остане наша стратешка цел, но исто така мораме да потенцираме дека тоа што македонските граѓаните го дадоа за реализирање на оваа стратешка цел, која за жал не е поместена од состојбата која беше пред 20 години, е навистина бесценета, односно цената е толку голема, што не може да се утврди, бидејќи пред се зборуваме за процесот на билатерализација на преговори, а не за европеизација на преговорите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер рече дека зачленувањето на Македонија во ЕУ оди бавно, за тоа не е одговорна земјата, туку Европската Унија.

„Северна Македонија може да смета на поддршката од Унгарија на нејзиниот евроинтегративен пат. Процесот на зачленување на Северна Македонија во Европската унија трае премногу долго, а за тоа не е одговорна Северна Македонија, туку членките на Европската унија“, изјави попладнево од Будимпешта унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Мицкоски кажа дека разговарале и за целокупната поддршка која што ја доби македонската влада од страна на унгарската Влада.

„Знаете дека на почетокот имаше и финансиска поддршка од страна на Унгарија, средства кои што се користат за изградба на патишта, булевари, училишта, градинки, практично со тие средства ја модернизираме државата. Она што исто така е многу важно да напомена е дека на денешната меѓу владина седница стана збор за идна, уште подлабока меѓудржавна соработка во делот на инфраструктурата, но исто така министрите помеѓу себе посебно министрите за внатрешни работи и министерот за одбрана разговараа за идна можна воена соработка, односно развивање уште подлабоко на воените индустрии на двете земји, а зошто да не вмрежување и настап на трети пазари“ рече Мицкоски.