Делгации на политички партија, здруженија на граѓани, движења положија синоќа свеќо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев што е дел од спомен-куќата, музеј на Великанот. Националната установа Завод и Музеј во изминатиот период работеше на комплетна реконструкција и натре и надвор. Ликот е познат, само освежен, со нова просторија и нови содржини.

На чествувањето , свежо цвеќе положија градоначалникот Тони Коњановски, Ректорот проф. Д-р Игор Неделковски, претставници од Сојузот на Борци, директорката на комисијата за верски заедници на Македонија Оливера Трајковска, претставници на различните верски групи од Битола, пратениците Олга Лозановска и Пеце Милевски, претставници на политичките партии кои партиципираат во Советот на Општина Битола, советници, делегација на Завод и Музеј предводена од директорот Николовски.

Во денот на чествување на делото на големиот македонски идеолог, прашавме дали ние овде, сега , го живееме неговиот идеал. Николовски одговори дека се чувствува супериорно како македонец и нема потреба да размислува за одговор на прашањето. Градоначалникот пак, од аспект нa поширокиот контекст организирање на животот во локалната заедница којашто е важен дел од меѓународните релации на државата.
Музејот на Гоце Делчев ќе биде отворен секој работен ден од 10.00 ч до 14.00 часот, а доколку е потребно со претходна најава ќе биде на располагање за заинтересирани групи и во деновите на викендите. Директорот Николовски синоќа најави дека веќе од денеска поставката ќе ја видат неколку групи на ученици од основните училишта во градот.

Што изјавија Николовски и Коњановски, во прилогот подолу што ве води до YouTube.












