Отклучете го вашиот потенцијал и студирајте на Биотехнички факултет, порачуваат професори и студенти на Биотехничкиот факултет во Битола. Конкурсот за упис во прва година на факутлетите од Универзитетот св Климент Охридски е во тек, пријавувањето може да се направи и електронски, а документите да се достават од 19 до 27 август.
Факултетот за биотехнички науки (ФБН) е јавна државнависокообразовна и научна установа од областа на биотехничките науки. Овој факултет е единствениот од ваков вид на високообразовни установи во Македонија со свои карактеристични студиски програми. И неговото постоење е одговор на потребата од мминатиот век. Од 1999/2000 год.Вишата земјоделска школа,согласно решението за работа од страна на Министерството за образование прерасна во Факултет за биотехнички науки. Во текот на десетгодишното постоење, овој Факултет има оспособено прилично голем број на едуциран кадар, инженери (bachelor) и магистри (master) кои со своето знаење и стручност се вклученивопрехрамбениот сектор.
Годинава за бруцошите се отворени 125 места во 4 студентски програми кои имаат по 8 семестри, или четиригодишни акаемски студии.
За студиската програма Квалитет и безбедност на храна има вкупно 40 места и тоа 30 за редовни студенти во државна квота, 5 редовни со плаќање на школарина и 5 вонредни студенти.
За стгудиската програма Агроменаџџмент има вкупно 25 места – 15 редовни во државна 5 редовни со школарина и 5 вонредни.
На студиската програма Зоотехника пак има 10 отворни места за редовни студенти во државна квота, 10 за редовни со платена школарина и 10 вонредни.
И на програмата Храна и диететика, годинава слободни се 30 места – 20 за редовни во државна квота, и по пет места за редовни студенти со школарина и вонредни.
Како дел од Универзитот , Биотехничкиот факултет е дел од алијансата КОЛОРС, но и дел од бројни асоцијации кои се директно вклучени во научно-истражувачка работа, директната пракса се реализира во врвните македонски компании за производство на храна, во рамките на факултетот функцинира лабораторија за екстракција на етерични масла од зачински и лековите растенија и детерминација на биолошки активно материи; во рамките на проектот FOOD HUB, финансиски поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање, во просториите и лабораториите на Факултетот за биотехнички науки – Битола, одржани се серија работилници на актуелни теми кои опфаќаат прехранбена индустрија, заштита на животната средина, дигитализација во земјоделскиот сектор и циркуларна економија. – сите светски актуелни прашања и модули за истражуање и иновации.
Оттука, отклучете го вашиот потенцијал и студирајте на Биотехнички факултет, порачуваат професори и студенти на Биотехничкиот факултет во Битола.











