Продолжи реализацијата на Програмата за отстранување на времените објекти на територијата на општина Битола. Денеска екипи на ЈКП Нискоградба го отстранија времениот објект пред Центарот за култура.

Екипи на„ Нискоградба“ денеска околу пладне работеа на отстрануавње на времениот објект поставен на ул. Димитар Илиевски Мурато, пред Центарот за култура односно спроти хотелот „Епинал“.
Застојот во сообраќајот за кој многумина возачи реагираа беше предизвикан токму од работата на три-четири тешки машини. Рaботниците го регулираа сообраќајот.
За процесот на отстранување на времените објекти информација побаравме од изведувачот – ЈКП „Нискоградба“. Оттаму ја добивме информацијата дека постапуваат по налог на Комуналната инспекција на Општина Битола, а врз основа на договор со Општината и посебната Програма за отстранување на бесправно изградени и времени објекти. Често го регулираат сообраќајот, затоа што има работници кои се обучени за тоа, а имаат и искуство.

Остранувањето на времените објекти во градот се прави заради реализација на детални урбанистички планови, или за расчистување на градежно земјиште за предвидената намена и, отстранување на времени објекти кои претставуваат физички товар на земјиштето. Со оваа Програма на Општината отстранети се киосци за продажба на весници, цигари и други ситни артикли, објекти кои се користеа како монтажен гаражен простор од граѓаните и малку поголеми објекти како овој денеска во кој се реализираа неколку добро развиени микро бизниси.
Објектот што денеска се подигна е малку поголем од досегашните, па им предизвика проблеми на работниците кои освен со добро фиксираниот објект мораше да се справуваат и со нервозните возачи на автомобили и со љубопитните граѓани.












