ТЕРА

REKLAMA???

ОХРИД СО ПРОТОКОЛАРНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ЗА ПОСЕТАТА НА ОРБАН

Дел од магистралниот пат Кичево-Охрид ќе биде денеска и утре под посебен сообраќаен режим со привремено затворање на сообраќајот за време на минувањето на високата унгарска делегација.

Охриѓани се подготвуваат да пешачат денеска и утре затоа што посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Македонија ќе се реализира во Охрид. Според информациите охридската полиција ги презела неопходните безбедносни мерки. Најавено е дека на улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ е забрането запирање и паркирање на возила.

Привремен посебен режим ќе има и од аеродромот кон градот, долж булеварите „Туристичка“ и „Македонски Просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“.

Посебен режим со запирање на сообраќајот додека се движат возилата на делегациите ќе има и на регионалниот пат од Охрид кон Св. Наум.

Полицијата од утринава ги расчистува коловозите и по потреба ги дислоцира возилата од паркинг-местата од Кејот „Македонија“ со улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“.

Унгарската делегација предводена од премиер Виктор Орбан се очекува во Македонија да пристигне доцна попладнево, а според неформалните најави од двете страни, него ќе го придружуваат 12тина министри и уште педесеттина бизнисмени.