Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Павловска на седницата на Советот на Општина Битола на која се разгледуваше кварталниот извештај за буџетот реагираше на кажаното од советничката на СДСМ, Мирјана Захариевска-Ралевска дека училиштата биле во големи долгови.
„Ниту основните, ниту средните училиште, значи ве молам кога се изнесуваат факти тука да бидат точни, затоа што гледаме и самите колку совесно и одговорно се работи во училиштата. Побаравме на комисија од директорите да се дадат податоци дали училиштата должат пари, сите едногласни беа дека училиштата не должат пари ниту за превоз, ниту за електрична енергија“ рече советничката Павловска.











