ТЕРА

REKLAMA???

ПАЗАРНИТЕ ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ПРОВЕРУВААТ ДАЛИ ШКОЛСКИОТ ПРИБОР СЕ КУПУВА СО ОГРАНИЧЕНА МАРЖА

„Трговците што се опфатени со одлуката на Владата за училиштен прибор имаат обврска да ги усогласат цените на производите. Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со оваа одлука. Инспекторите ќе постапуваат во рамките на нивните надлежности, кои произлегуват од одлуката, а во согласност со тоа и според Законот за трговијата“.

„Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуката, но нема надлежност да постапува ниту, пак, да влијае врз формирањето цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Како што постапувавме претходно, така и сега, нема да има компромис за никого, законот ќе важи еднакво за сите и сите трговци опфатени со одлуката имаат обврска да ја почитуваат!“, рече Горан Трајковски, директор на Државен пазарен инспекторат.