Примената на Европскиот административен пограничен систем ( ЕТИАС) повторно е одложена. Сега има најава дека ќе стартува кон крајот на 2026 година, со примена од сите земји членкии на Унијата во април 2027. Ова подразбира дека и ова лето, до крајот на годината, македонските патници не мора да преземаат никакви чекори ниту да бараат дополнителни документи.
ЕТИАС е кратенка од Европски систем за информации и овластување за патување. Не е виза, туку давање на податоци, вашите генералии, дали сте под истрага за кривично дело, патувања во некоја од воените зони (сега или претходно), дали сте биле протеран од некоја земја или територија. Дозволата / овластувањето за патување ќе биде испратена на вашата електронска адреса, а најдоцна ова треба да го направите 96 часа пред конкретното патување. Ако ви побараат дополнителни податоци, ппланирајте евентуално патување по 14 дена, а ако ве побараат на интервју – планирајте патување по еден месец. Ова подразбира планирање на животот – првин позитивен ЕТИАС, после купување на карта и организација на сместување. За транзит низ земјите, ЕТИАС не е потребен, ама нема излегување од аеродромот – за македонските државјани добро позната пракса. Сега за земјите од Западен Балкан влезот во Шенген зоната, каде што може слободно да се движат и да престојуваат најмногу 90 дена во вкупен период од 180 дена без виза. Со воведувањето на ETIAS дозволите, ова ќе се промени. Носителите на пасоши од земји кои не се членки на ЕУ мора да аплицираат онлајн за оваа дозвола за да го поминат истиот период во границите на блокот, додека за подолг престој ќе треба да аплицираат за виза.
Според европските планови, овластувањето ќе го проверува граничната полиција при секое влегување во европските земји во кои ќе важи. ETIAS ќе важи три години, а во тој период ќе бидат дозволени неограничен број посети на овие земји. Создавањето на овој систем има намера поголема контрола во рамките на безбедносните проверки на луѓето кои патуваат низ Унијата без визи.
И уште еден систем воведува ЕУ. ЕЕС е систем за влез / излез. Ќе ги регистрира сите државјани кои не се членки на ЕУ или државјани на Исланд, Лихтештајн, Норвешка и Швајцарија. При првото влегување во земјата на аеродром треба да се внесат податоци, генералии, тип на пасошот, време на престој, граничната полиција ќе ги земе и вашите биометриски податоци- отисок на прст и фотохрафија и електронски ќе ги чува. И за ова има апликација и самоуслужни системи на граници, па ако се ова го направите од дома, ќе биде побрзо. На следните патувања ова треба да биде побрзо, затоа што граничната полиција ќе ги провери само отисоците од прстите.












