ТЕРА

REKLAMA???

ПАПАТА ИЗБРАН, АНАЛИЗИТЕ КОН ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА МОЌ

Конклавата го избра кардиналот со американско потекло Роберт Френсис Превост за следен папа. Тој ќе биде познат како папата Лав XIV. Сеуште не се јасни неговите политики, според непотврдени ама објавени информации на италијанските медиуми, Превост превладал во второто попладневно гласање, по ручеток на 133те кардинали. Претходно со десетина гласови повеќе предност имал досегашниот државен секретар на ватикан Пјетро Паолини.

Лео е првиот папа роден во САД. Тој е и државјанин на Перу, каде што помина голем дел од својот живот. Роден е во Чикаго во 1955 година, таму се приклучил на Августинскиот ред. Првин бил студент на Математика, па на Теологија, на крај и на Канонско право во Рим. Дипломирал на сите три факултети. Течно зборува шпански и италијански, секако и својот мајчин јазик – Американски Англиски. Роден е во семејство со уште двајца браќа, кои денеска се најсниманите луѓе на американските медиуми , а во своите коментари со неверица му честитаат за изборот.

Една друга работа ги мачи великодостојниците на Римокатоличката црква и светските политичари – изборот на Роберт Френсис Превост за 267 папа е прекинување на општо прифатената тајна согласност дека Американец нема да биде избран на Конклава. Соединетите Американски Држави често се сметаа за премногу моќни – воено, дипломатски, па дури и културно – за еден од нивните да контролира едно од највлијателните места на морален авторитет во светот: Римокатоличката црква и нејзиното стадо, кое во моментов е повеќе од три пати поголемо од населението на САД. Превост помина со децении како мисионер и помина 20 години во Перу, каде што е натурализиран граѓанин и служеше како епископ. Тој зборува повеќе јазици и не се осврна на неговото американско наследство при неговото прво појавување во јавноста како понтиф, наместо тоа зборувајќи на италијански и шпански и испраќајќи поздрав до неговата „драга бискупија Чиклајо, во Перу“.

Без оглед на мотивите на оние кои го избраа папата Лав 14, настаните во Ватикан вчера создадоа фасцинантна ситуација. Сега ќе има двајца Американци кои имаат огромна моќ на светската сцена – едниот политички, а другиот духовно – и имплицитните споредби и потенцијалните несогласувања меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и папата Лео ќе биде невозможно да се игнорираат. – велат од НБС Њус.

Новоизбраниот папа вели „Црквата не треба да биде институција, туку жива заедница на верници.“