Од јавното претпријатие „Паркинзи“ преку соопштение информираат дека веќе неколку дена на моменти кај нив, но и во други општини се случува да не може да се активира паркинг сесија преку смс порака.
„Проблемот се јавува повремено, а во тој период не е можно да се активира или деактивира паркинг услуга. Со жалење Ве известуваме дека проблемот не е предизвикан од наша страна, а за евентуални понатамошни објаснувања Ве упатуваме да се обратите кај мобилниот оператор со кој имате склучено договор. Во меѓувреме Ве известуваме дека можете да купите билети за паркирање од сите затворени паркинзи за времено надминување на овај проблем“ стои во соопштението од „Паркизни“.













