Од битолски „Паркинзи“ ги информираат корисниците на услугите на зона А4, дека утре (сабота) 24.05.25 во периодот од 07 до 15:30 часот да не ги паркирате возилата на дел од зоната А4 почнувајќи од свртувањето на улица 11-ти Октомври со Јорго Османо до Широк сокак (до споменикот Ангел).
Од таму апелираме за разбирање и соработка заради манифестацијата која ќе ја приредат воените оркестри на АРМ и САД и нормалното одвивање на сообраќајот во центарот на градот но и подготвителните активности за одржување на манифестацијата.












