„Патување пеш“ новиот документарен филм на режисерката Тамара Котевска , во наредниот период ќе игра на фестивали во Токио, Лос Анџелес, Лондон, Париз и Фолкстон. На 17 октомври ќе го отвори Фестивалот на документарен филм во Фолкстон, Англија, каде што е во официјална селекција. Од оваа локација почнува патувањето на малата Сиријка Амал во Англија.

На 21 октомври ќе биде прикажан во официјалната селекција на Гранд Биво во Париз, а во ноември ќе го отвори Меѓународниот фестивал за бегалци во Токио, со што ќе се најави и почетокот на јапонската дистрибуција на филмот.
Филмот ќе биде истовремено прикажан во Лондон како дел од 12. издание на Фестивалот за европски психоаналитички и во Лос Анџелес ,во рамките на Фестивалот за нови филмски уметници.
Во македонските кина ќе игра од ноември.
Претходниот филм на Котевска, „Медена земја“, што го режираше со Љубомир Стефанов, доби историски две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм.












