Хелиос Санс – КК Пелистер 101-47
Домаќинот на „фајнал-ејт“ во регионалното натпреварување ја потврди фаворитската улога. Извесно е дека Хелиос ќе го имаше тој ист епитет дури и ако Пелистѕер допатуваше во Домжале со многу појак состав во однос на овој кој ги одигра последните 40.минути од сезоната во АБА2 конкуренцијата.
Без високи амбиции дојдоа битолчани на завршниот турнир од АБА2 лигата. особено откако поради технички проблеми останаа без помошта на американскиот двоец Карутерс-Карпентер, а непосредно пред заминувањето за Словенија, се повреди и репрезентативецот Андреј Маслинко.
Кај Пелистер најефикасен беше Хаџифејзовиќ со 17 поени, Силаџи постигна 16, а двоцифрен беше и Сапунџиев со 11 поени зад своето име.
КК Пелистер и следната сезона ќе ја претставува Македонија во АБА2 лигата.












