КК Пелистер – КК Подгорица 84-97
Кошаркарите на Пелистер забележаа шести пораз во АБА2 лигата, откако денеска беше поразен од Подгорица после пресврт со 84-97.
Пелистерци одлично влегоа во натпреварот, по првата четвртина имаше водство од дури 10 разлика (28-18), а во втората и до 12 разлика, но Подгорица со серија од 11-0 се врати во мечот и го доведе Пелистер под притисок. На полувремето битолчани заминаа на пауза со водство од четири разлика. Сепак, црногорскиот тим во третиот период ја истопи предноста, а потоа нанижа серија, која донесе и убедлива победа.
Карпентер со 24 поени и Силаџи со 20 поени беа најдобри кај Пелистер, двоцифрен беше и Сапунџиев со десет поени.
Екипата на Марјан Илиевски ја заврши сезоната со седум победи и шест порази и ќе игра на завршниот турнир на осумте најдобри екипи во Домжале следниот месец. Со одиграниот регуларен дел на сезоната КК Пелистер се избори и следната сезона да игра во АБА2 лигата.












