Вчера се одржа редовна седница на Извршниот одбор и Собранието на Здружението на пензионрери Битола под раководство на претседателката Даница Петличкова . Покрај другите точки на дневен ред беше и финансискиот извештај за Здружението за период од 01.01.-30.06.2022 год.

„Здружението на пензионери во 2022год ,своите активности ги насочи за остварување на програмските цели утврдени со Програмата за работа за 2022 год. и во рамките на финансискиот план за 2022 год. Успешното работење на Здружението укажува на фактот дека во првата половина од 2022год се одвиваа сите планирани активности, согласно Статутот и другите акти на Здружението,“ истакна Петличкова.

Извештајот беше едногласно усвоен.













