До утрово до 7:30 часот според Центарот за управување со кризи на територијата на државата се евидентирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 3 се под контрола, а 29 се изгаснати.
Во активните пожари се тие во Општините Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), потоа во Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева), Општина Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација), во Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума) и Општина Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума).
Фотографијата е од пред неколку дена кога армискиот хеликоптер Ми-8/17 беше ангажиран за гасење на пожар кај село Нивичино, Општина Василево.












