Радман Алавирад е роден во градот Естахан, Иран, во 2004 година. Пијано започнал да изучува на возраст од шест и пол години. Радман Алавирад ги продолжил своите студии на Државниот Конзерваториум при Универзитетот на Истанбул, во класата на реномираната пијанистка и професорка Мерал Јапали, каде во моментот ги следи студиите на 12-ти степен. Во 2018 година тој емигрирал во Турција. Во Истанбул обезбедил услови да може на музиката да ѝ се посвети сериозно, со желба да изгради кариера како професионален музичар.

Радман Алавирад ги продолжил своите студии на Државниот Конзерваториум при Универзитетот на Истанбул, во класата на реномираната пијанистка и професорка Мерал Јапали, каде во моментот ги следи студиите на 12-ти степен.
Учествувал на три интернационални натпревари, каде освоил значајни признанија: На Интернационалниот “Rhapsody Piano Competition” во Адана, Турција, освоил Втора награда; на Интернационалниот натпревар во “Citta di Barletta”, Италија, освоил Прва награда; на Интернационалниот натпревар „Охридски бисери“ (2024) е награден за „Најдобро отсвирено дело од Томислав Зографски“.












