ТЕРА

REKLAMA???

ПЛАКЕТА ЗА ЗАСЛУГИ НА „ПЛОДНОСТ“ ОД СРПСКИ АЛЕКСИНАЦ

Делегација од општина Алексинац, Република Србија предводена од градоначалникот Далибор Радичевиќ, во посета на болницата „Плодност“, каде лично му го предаде највисокото признание на градот на Д-р Таше Трпчевски- плакета од општина Алексинац, за придонес во зголемувањето на наталитетот и подобрување на здравството во регионот. „Плодност“ пак во знак на благодарност додели три ваучери за користење на ин-витро фертилизација за социјално загрозени семејства од Алексинац.

И денеска гужва во болницата „Плодност“, но овојпат не заради загриженост или болка, туку поради радоста на 100 семејтва од Алексинац, Србија кои своите деца ги добија со професионалната помош од болницата.

Таткото на Николина Од 1989 до 1992 година бил војник. Се вратил во Алексинац, се оженил и по неколку години брак започнал да чита и учи се за бременоста, раѓањето, репродукцијата. Истовремено барал и лекар кој ќе му помогне да го прошири семејството со свои наследници. Пред 20тина години се запознал со Д-р Таше . Се родила неговата ќерка. Оттогаш досега Д-р Таше е рамно на негов брат, а докторите и сестрите во „Плодност“ негови пријатели. Денеска ја посети Битола со делегација од градот кадешто живее со своето семејство – Алексинац. Прифатена беше неговата идеја Д-р Таше да биде дел од луѓето кои ќе бидат прогласени за заслужни граѓани на овој српски град.

„Поднесе барање да вие и вашата болница да добиете едно од највисоките признанија – плакетата на заслужни поединци. Кога пресметавме дојдовме до податокот дека некаде околу 100 семејства ја добиле својата принова овде кај вас, оти очигледно е дека ова е некоја нова болест на човештвото па се поголем број млади луѓе неможе да добијат дете по природен пат. Бројката од 100 деца е исклучително висока за Алексинац, многу значајна за градот кој години наназад има намалување на бројот на жители, особено на бројот новородени. Ние лани првпат забележавме позитивен прираст, дека се родиле повеќе деца од претходните години и во тоа има и ваша заслуга. Собранието на општината на својата седница го прифати предлогот и вака се обидуваме да ви се заблагодариме и вам, за целокупната работа, за се тоа што работите, за оваа хумана работа којашто многу им значи на сите семејства кои имаат некакви проблеми со добивање на деца, а мене ми припадна честа да ви ја врачам оваа плакета. – рече во оваа пригода  градоначалникот Радичевиќ.

Николина  беше 100-то, јубилејно  дете на „Плодност“, се потсети денеска Д-р Таше Трпчевски кој видливо трогнат од постапката, упати пофалба до својата екипа. Највисокото признание на градот Алексинац за Трпчевски е сатисфакција за досега направеното. „Божји благослов имаат тие кои даруваат Љубов како што вие денеска направивте“  им кажа на своите гости кои денеска во Битола го славеа неговото дело.

Во општина Алексинас има околу 100 бебиња кои се родени со помош на медицинско-терапевтските третмани кои се практикуваат во болницата „Плодност“, а во Србија уште 300 до 400, објасна денеска Д-р Трпчевски. Нивниот скор е преку 3.500 новородени здрави деца на различни краишта.

„Ова признание коешто ми го доделувате не е само мое лично признание, ова е признание на сите вработени во Болницата „Плодност“ односно во екипата на ин-витро  одделнот, почнувајќи од биолозите, медицинските сестри и останатиот персонал. Ние сме првите коишто први се радуваме кога ќе го слушнеме чукањето на срцето на бебето, односно кога тестот е позитивен.„ Огромна е сатисфакцијата и признанието ќе овозможи да се истрае во процесот на хумана репродукција. „Плодност“ е битолски, македонски бренд. Бренд од доверба затоа што најголема инвестиција што сите ја прават е градењето на довербата кај пациентите.

„Ова не се само бројки, ова се надежи“ – рече Д-р Трпчевски коментирајќи ја статистиката на „Плодност“ додавајќи „Овие се приказни, овие се успешни приказни, сме имале и неуспешни приказни, заедно со тимот имаме поминато еден долг период на емоции соочувајќи се со судбината на оние кои патат за деца. Од депресија до радост, до солзи радосници.“ – вели -Д-р Таше. „Се чини сепа дека покрај ова признание, оваа благодарност, најголема сатисфакција ни е задоволството кога ќе видиме како мајката и таткото за првпат го држат детето во нивните раце. “

„Плодност“ ги усвојува сите напредни техники и технологии во досегашната работа, оттука е и лидер во својата област не само во Македонија, туку и на Балканот. Резултатите кои ги реди тимот на Плодност подразбираат висок процент на бременост, успешни пораѓања и здрави поколенија, резултати кои ја вбројуваат  болницата со светските центри за хумана репродукција.