Деновиве имаше мирен протест со блокада на улицата „8 Септември“ кај стадионот во Горно Оризари поради изведувањето на градежни работи на патот со кои како што велат трајно се оневозможува функционирањето на секодјевието на граѓаните од овој дел и деловната дејност на правни субјекти.

На денешната седница на Советот на Општина Битола имаше и претставници на граѓаните кои што имаат предлог иницијатива до Советот на Општина Битола во врска со овој за нив проблем.
Тој кажа дека зборува во име на жителите и деловните објекти од протестот кој што се случи во Горно Оризари.
Кажа дека изградбата на ваков тип на пат не е соодветно сообраќајно решение за населението кое што живее на улицата „8 септември“.
„Не сме против изградбата на влезот на Битола, туку напротив сме горди што еднаш за секогаш ќе се реши овој проблем во градот. Нашата цел е пронаоѓање решение за нормано функционирање на станбените и деловните објекти“ рече Дарко Петровски во обраќањето до советниците.
Рече дека не се политички определени и замоли како што рече, да не се злоупотребува протестот од страна на опозицијата за свои политички цели, бидејќи претходниот состав на Совет е директно одговорен за донесувањето на ваков проект кој содржи низа на серизни недостатоци.
„Во моментот единствено постојат услови за изградба само на локален пат со кој може да му биде овозможено на сите засегнати жители од овој дел на градот законски да влегуваат и излегваат во своите домови и деловни објекти“ рече Петровски.
Советот изгласа заклучок градоначалникот да изнајде можност како во рамките на законот може тие да пристапуваат до нивните парцели и домови.












