Велопатеки со пари од ЕУ како што знаеме во Советот не поминаа, но на терен со пари на општината, односно со пари од граѓаните се прават. Сега поцрвенува и „Партизанска“ од двете страни. Ова е насловот за оваа вест, а кон ова и информацијата да ги подготвите велосипедите за следната недела.
Продолжува бележењето на велосипедските патеки од двете страни на улицата „Партизанска“, а паралеско се работи и на „Васко Карангелевски“ од едната страна, каде што се прават и премините.
Одделувањето од пешачкиот дел е означен со бела боја, а ќе има и сообракајни знаци. Неофицијално следната недела се очекува да ве пречекаат подготвени за со вашите велосипеди.
Во меѓувреме имало и размислување за велосипедски патеки и на други улици, но за тоа ќе треба да ни објаснат од општината, ако намерата им е таква за велосипедистите да добијат што повеќе километри вело патеки.











