Во пресрет на денешниот 28 февруари, Денот на лицата со ретки болести, Гимназијата „Јосип Броз Тито“ осветлена во боите на ретките болести за поддршка и подигнување на јавната свест за помош на овие лица.
„Сите ние водиме некакви битки во животот, но сето тоа нѐ прави да бидеме посилни и поемпатични кон другите луѓе, особено кон лицата кои водат секојдневна битка со ретка болест. Гимназијата “Јосип Броз-Тито” како и секоја година се вклучува гласно кон поддршката на овие лица, со надеж дека за брзо време ќе се обезбеди соодветна терапија за што повеќе ретки болести“ велат од Гимназијата.












