ТЕРА

REKLAMA???

ПОДЕМ ГО ЧЕСТИТАШЕ ДЕНОТ НА ЖЕНАТА

Организацијата на жени од ПОДЕМ-Битола по повод денешниот празник со неколку пораки за неговото значење. На битолчанки со цвеќе им го честитаа 8-ми Март.

„Во фокусот на Меѓународниот ден на жената- 8 Март 2023 година, а во врска со предизвикот за родовата еднаквост, што е составен и неизбежен сегмент на нашата политичка платформа, Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) им го честита празникот на сите жени и им упатува силна благодарност за нивниот исклучителен, посветен придонес во сите сфери на општественото живеење.

Ја користиме оваа прилика да им порачаме на сите активни политички и други општествени чинители вклучени во крирањето на јавните политики, дека е потребно обединување на сите нивоа на општествено делување со единствен одговор: создавање на инклузивни работни култури во кои ќе бидат препознаени и силно поттикнати кон напредок кариерите на жените и каде што нивните достигнувања ќе бидат јасно и прецизно евалуирани, соодветно на нивниот професионалниот влог.

Праксата во поглед на спроведувањето на законските одредби кои ја уредуваат проблематиката поврзана со родовата еднаквост денес, покажува низа недостатоци кои ги демотивираат жените во Македонија да напредуваат, така што е потребен многу поодговорен пристап на субјектите кои ги креираат политиките и ги носат одлуките, на тие кои ја контролираат примената на законските одредби, како и на сите граѓани во општеството“, изјави Јелена Маневска од ОЖ Подем-Битола.