Во текот на вчерашниот ден, локалната СДСМ излезе со прес посветен на работата на ЈП Пазари на чело со директорот Никола Гацоски.Во оваа прилика сакаме да изразиме благодарност до СДСМ за јавното признавање на успешната работа на ЈП Пазари и јавната потврда на отчетот кој оттаму го дадоа на почетокот на неделава, рече портпаролот на ПОДЕМ Никола Шарковски.
„Да, точно е дека ЈП Пазари успеа да ја намали загубата која ја има уште од мандатот на СДСМ, за дури пола милион денари а притоа да реализира значителни инвестиции во Сточниот и Млечниот пазар, пазарот за бижутерија и после долго време да набави и инсталира дигитална вага во Сточниот пазар.
Да, точно е дека ЈП Пазари исплати повисоки плати за вработените како што налага Законот за минимална плата.
Да, точно е дека ЈП Пазари и во време на екстремна инфлација, законски и транспарентно преку јавна набавка успеа да го обезбеди ЈП Пазари со сите потребни работни матерјали.
Да, точно е дека ЈП Пазари успеа да ги намали законските трошоци за надоместоци и за работа на УО за близу 100000 денари помалку споредено со периодот која претпријатието го водеа кадри на СДСМ и коалицијата, тоа е домаќинското работење на кое ПОДЕМ се обврза.
Ја поздравуваме ова нова страна на СДСМ со која го валоризира успехот на политичкиот противник“, рече Шарковски.












