Под контрола е ставен пожарот во демирхисарското село Вардино.
Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало 32 пожари на отворен простор, од кои 27 се изгаснати, еден е ставен под контрола, а четри се уште се активни – информира Центарот за управување со кризи.
Во општина Чашка и денеска гори мешана шума на планината Мукос во атарот на селата Степанци, Оморани и Ораов Дол. Нискостеблеста вегетација гори кај прилепските села Пештани, Кокре и Кален.
фото: илустрација












