ТЕРА

REKLAMA???

ПОД КОНТРОЛА СТАВЕН ПОЖАРОТ КАЈ ДОЛНО ПЕРОВО ВО ПРЕСПА

Центарот за управување со кризи информира дека според информациите од теренот, во земјава се евидентирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 7 се под контрола, а 19 се изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), во Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума, крак кон с. Градешница); во Општина Македонски Брод 4 – с. Црешнево (ниска вегетација); во Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева); во Општина Кочани – с. Нивичани (ниска шума и трева); Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума); и Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска вегетација).

Под контрола е пожарот во Општина Ресен – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација), каде вчера попладне се интервенираше и од воздух.