ТЕРА

REKLAMA???

ПОЕВТИНУВААТ НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,00%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 68,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,931 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,660 ден/кг.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 76,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 36,660 (денари/килограм)