Битола отсекогаш била град кој знае да понуди ексклузивни места, автентични, со прекрасен амбиент, кои после првата посета, ќе ве привлечат да ги посетувате постојано. Битолчани важат за посетители со истанчан вкус, кои внимателно бираат каде ќе се појават и каде ќе го поминуваат своето слободно време.

Токму во градот под Пелистер, за сите љубители на различните вкусови на уникатни јадења и десерти, се отвори “Сhocolatte Plus“ во зградата на Центарот за култура, место кое нуди специјалитети кои досега не биле застапени во градот. „Chocolatte plus“ е турска франшиза кои се препознатливи по нивните чоколадни фонтани, неодоливи десерти и богата понуда на нивното мени.

Па така во ова место ќе ги пронајдете највкусните десерти, турски појадок, палачинки, торти, чоколадни напитоци, турски чај, а вниманието ќе ви го привлечат и вкусните свежо направени вафли. Доколку барате дополнително освежување одберете некои од различните вкусови на свежо цедени сокови и сладолед. Сите десерти се направени по уникатен рецепт.

Висококвалитетна храна е нешто што секој го бара за себе и своите најблиски, па токму „Chocolatte plus“ тоа го нуди. Покрај рапсодијата на вкусови и гастрономското задоволство ова место на своите посетители им нуди пријатен престој во прекрасен амбиент и опуштена атмосфера, во центарот на Битола.

„Chocolatte plus“ ја збогатува гастрономската и туристичката понуда на градот. Целта е на секој гостин да му се обезбеди место каде ќе може да ужива во богатството на вкусови. Посетете ја оваа гастрономска бајка и уживајте во неодоливата понуда која тешко дека ќе ве остави рамнодушни. Луксуз и софистицираност, уживање во дневна доза на вашето омилено кафе, со највкусните десерти, е она што ова место го нуди, во центарот на градот во зградата на Центарот за култура.

Life is short make it sweet, односно животот е краток нека биде сладок заедно со „Chocolatte plus“.












