Васко Тодоровски, актерот кој го глумеше Тошо Малерот кажа дека Пендаровски е единствениот кој се сетил на К-15.
„К-15 е најоригиналниот концепт и најгледна емисија во телевизиската историја на Македонија. Тоа е факт. А Стево Пендаровски е единствениот човек којшто се сетил да ни даде официјално државно признание за К-15. И тоа е исто факт“ рече Тодоров.
Јавна поддршка за втор мандат за претседателот Стево Пендаровски преку социјалните мрежи започнаа да даваат голем број на граѓани, активисти, писатели.












