ТЕРА

REKLAMA???

ПОЛИЦИЈАТА СЕ ПОЧЕСТО ЗАТЕКНУВА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ

После полноќ малолетни лица кои конзумираат алкохол се почесто затекнува полицијата во угостителски објекти. Од почетокот на годината заклучно со месец април на ниво на СВР Битола од направени 150 контроли биле затекнати над 40 малолетни лица. Само во Битола 26 малолетни лица.

„Во текот на јануари , февруари ,март, април 2023 година на подрачјето на СВР Битола извршени се вкупно 150 контроли во угостителски објекти на подрачјето на СВР Битола, при што легитимирани биле вкупно 219 лица ,преглед бил извршен врз 123 лица ,при што за присуство на малолетни лица во објект после 24 часот биле констатирани над 40 прекршоци и 5 кривични дела по член 204 од Кривичниот законик, за „точење алкохол на малолетници“, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Поортпаролот на СВР Битола со апел до родителите и сопствениците на угостителските објекти.

„Секторот за внатрешни работи Битола сака да упати еден апел до родителите на децата и малолетниците да истите имаат поголема контрола врз нив, да внимаваат како ги користат социјалните мрежи,со кого и како комуницираат, да бидат посебно внимателни и да го следат нивното однесување, да го почитуваат присуството во угостителските објекти до 24 ч. Нa угостителите апел да не служат алкохол на малолетни лица во објектите ,да се почитува и не нарушува јавниот ред и мир,со карање викање ,недостојно и дрско однесување. Во делот на сообраќајот да упатиме посебен апел до возачите за мопеди да носат задолжителна опрема шлем,сите сме учесници во соображајот и само заеднички можеме да придонесеме“, рече Стаматова.

Од полицијата најавија дека во летниот период ќе зачестат акциските контроли по угостителските објекти.