Центарот за управување со кризи информира дека добиени се пријави за поплави на повеке објекти во Општина Кочани. Пријавени се и паднати дрва по улиците и коловозите, како и скинати кабли од електрични линии.

Екипите на ТППЕ Кочани се излезени на терен и работат на испумпување на поплавените објекти. Од командирот на ТППЕ Кочани побарано е помош од околните ТППЕ единици за да интервенираат и тие, а побарана е помош и од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во текот на ноќните и утринските часови се интервенирало на повеќе улици и локации во градот на испумпување на вода и средување на просторот од паднати дрвја, како и две помали противпожарни интервенции.

Во интервенцијата учествувале сите пожарникари од ТППЕ Кочани 15 лица, 22 пожарникари од доброволното против пожарно друштво-Кочани ,со сите ППМВ и 4 пожарникари од ТППЕ Штип.












